top of page

Професионални алатки за електронско учење (e-learning authoring tools)

 

 

iSpring Suite 8.0

 

Supercharged e-Learning authoring

 

iSpring Suite 8.0 е проширена алатка за креирање квалитетни курсеви за електронско учење и видео лекции во самиот PowerPoint.

 

Вградениот QuizMaker ви дозволува лесно да го направите вашиот курс посилен со HTML5 квизови што ќе ве одушеват. Со iSpring креирање прашања станува лесно како пополнување формулар. Исто така, имате можност да вклучите прашања со слики, аудио и видео, да поставите повратни информации наменети за корисникот, да примените казнени поени за неточните одговори, да определите бодовен систем, да го контролирате времето, како и бројот на обидите. Вградениот Spell Check значително ќе ја поедностави работата на креаторот на квизот.

 

Вметнување на личности (карактери) во курсот ќе и даде на вашата содржина посебен личен белег. Со iSpring Suite 7.1 едноставно на вашите карактери ќе им додатете зборови по ваша желба. Ќе можете да одберете соодветна личност од широка палета на актери со различни гестикулации.

 

Креирајте спектакуларна содржина со употреба на богати медиумски интеракции на iSpring Suite 7.1. Сите тие - Book, Timeline, Directory и FAQ - перфектно ќе работат на голем број различни уреди, десктоп компјутери, лаптопи, iPad, iPhone, Windows и Android уреди.

 

Карактеристики:

  • Перфектна поддршка во PowerPoint: сочувајте ги сите ефекти во PowerPoint 

  • Поддршка за Flash /HTML5 

  • Опција за конверзија на PPT слајд во видео

  • Публикација во iSpring Cloud системот

  • Додајте живост во вашите едукативни материјали со различни личности (карактери) 

  • Креирајте нови карактери со Волшебникот за карактери

  • Flash & HTML5 Интеракции за сите уреди

  • Напреден плеер за презентации

  • Прилагодлив плеер што моментално се адаптира на големината на екранот и ориентацијата на кој било уред

  • Бесплатна апликација за iPad

  • Модернизиран уредувач (едитор) за квизови

  • Целосно прилагодлив дизајн на прашањата

  • Правописен проверувач (спелчекер) за квизовите

  • Поддршка за Tin Can API верзија 1.0.X

  • Флексибилен систем за бодување 

  • Подобрен уредувач за нарација

iSpring Pro 8.0

 

Advanced PowerPoint to Flash/HTML5 Converter

 

iSpring Pro 8.0 е моќна алатка базирана врз PowerPoint намената за креирање 

презентации подготвени за мобилните уреди (како и сите видови компјутерски системи). iSpring Pro 7.1 ги претвора проектите направени во PowerPoint во презентации подготвени за веб презентирање  за сите видови уреди: мобилни, десктоп и iPad. Со iSpring Pro 7.1

корисниците можат со леснотија да ги збогатат нивните презентации со глас и видео на презентерот со употреба на напреден и практичен уредувач за нарација (коментар). Инсталиран како додаток (add-in) во PowerPoint,  iSpring Pro 7.1 веродостојно ги претвора сите анимации во PowerPoint како и ефектите на премин (менување на слајдовите), 'активирачки' копчиња и хиперлинкови. Онлајн презентации генерирани со iSpring

можат лесно да се испратат (upload) на кој било сервер или систем за управување со учењето (LMS - Learning Management System) компактибилен со SCORM или

Tin Can.

 

Карактеристики:

  • Креирање онлајн презентации со синхронизирано видео, аудио, Флеш филм или YouTube видео.

  • Публикација во iSpring Cloud

  • Веродостојно конвертира PowerPoint анимации, ефекти и медиумска содржина

  • Правење на ефикасни сценарија на разграничување

  • Додавање референци и прилози

  • Можно публикување на повеќе дестинации: интернет, ЦД, систем за управување со учењето (LMS - Learning Management System), iSpring онлајн (систем за управување на учењето на iSpring)

  • Дизајнирање на прилагодлив излгед на плеерот што го рефлектира брендот на компанијата: употреба на лого, корпоративни бои, информации за компанијата

  • Поставување на напредни параметри за заштита: воден жиг, лозинка, ограничување на доменот и временско ограничување

  • Развивање на курсевите за е-учење (e-Learning) компактибилни со SCORM 1.2 и SCORM 2004, AICC и Tin Can API

  • Поддршка за Секција 508 

  • Поддршка за Tin Can API верзија 1.0.X

     

     

     

     

     

     

     

     

     

iSpring QuizMaker 8.0

 

The Easiest Quiz Authoring Ever

 

 

iSpring QuizMaker 8.0 е професионално решение за креирање тестови што можат да се репродуцираат на сите пребарувачки уреди: десктоп компјутери, паметни телефони и таблети, што им се на дофат на студентите каде и да се. Понатаму, новата алатка содржи напредни можности за прилагодување, подобрен систем за бодување и уште многу повеќе можности. Благодарение на професионаната поддршка на стандардите за електронско учење (e-Learning) и заедницата, квизовите и анкетите направени со  iSpring QuizMaker со леснотија можете да ги дистрибуирате преку системот за управување со учењето (LMS - Learning Management System) компактибилен со SCORM и AICC.  Иако новиот интерфејс на  iSpring QuizMaker 7.1 останува лесен за учење и употреба, алатката нуди многу нови карактеристики наведени подолу.

 

Карактеристики:

  • Креирање квизови и анкети во HTML5 и Flash што можат да се репродуцираат на десктоп компјутери и мобилни уреди

  • Дизајнирање на прашања со аудио, видео, слики и равенки

  • Вметнување прашања од Excel табели

  • Поставување прилагодливи повратни коментари и разграничување според одговорите

  • Дизајнирање на прилагодлив излгед и чувство на квизот со флексибилната алатка за преглед на слајдовите според WYSIWYG (what you see is what you get - што гледаш, тоа добиваш) принципот

  • Организирање на прашањата во групи

  • Поставување на флексибилни правила на тестирање

  • Доделување на прилагодливи поени за секој точен одговор како и доделување на казнени поени за неточните одговори

  • Употреба на анимирани ефекти за одговорите

  • Развивање на квизови компактибилни со Tin Can API

  • Поддршка за Tin Can API верзија 1.0 X

 

Our experience - Нашето искуство

 

Со купувањето на производите на iSpring, 

се здобивме со моќна алатка што ни овозможи да го направиме она што со години сме го замислувале и планирале да го воведеме за да направиме едно современо е-училиште за англиски јазик.

Група на наши слушатели го прават завшниот испит преку системот

за електронско учење. Нивните резултати ги добиваат веднаш по

завршувањето на тестирањето.

Со воведување на интерактивна бела табла во нашата училница во 2008 година, за да можеме целосно да го искористиме она што

таа го нуди, моравме додатно да инвестираме илјадници евра во интерактивни софтверски решенија и ДВД дискови кои, иако врвни во својот квалитет и содржина, не можевме секогаш целосно да ги искористиме и моравме после одредено време да ги надополнуваме со нови наслови. Сето тоа не чинеше повеќе од 10.000 евра. iSpring производите ни овозможија да произведуваме сопствени електронски курсеви, интерактивни речници, граматики, тестирања, вежби, квизови, јазични игри, онлајн настава, домашни задачи и уште многу други решенија за цена од околу 600 долари. Но, најдоброто нешто во сето тоа е што тоа софтверско решеније ни дава можност нашите наставни материјали да ги чуваме во нивната оригинална форма, по потреба да ги менуваме, надополнуваме и секогаш повторно да ги публикуваме како интерактивна содржина за веб, десктоп и лаптоп компјутери, таблети, паметни телефони, проектори, интерактивни табли што им се на дофат на нашите слушатели каде и да се. Со своите професионални решенија iSpring ни овозможи креирање на првиот курс за англиски јазик што го понудивме на македонскиот пазар преку уникатниот систем за електронско учење (во моментот работиме на верзиите за хрватскиот и светските пазари).

 

Со купување на некој од палетата на производите на iSpring, ќе инвестирате само еднаш, но ќе добиете алатка што ќе ви овозможи креирање на неверојатни содржини без оглед со каков вид едуцирање, тренинг или обука се занимавате.

 

Ние го направивме вистинскиот избор!

Copyright © Stojkovski-Press, 2014 

bottom of page